Челзи покажува силен интерес за ѕвездата на Лацио,Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Лондонскиот клуб испрати скаути во Италија да го гледаат 24-годишниот Србин, кој е голема желба на тренерот на „сините“ Франк Лампард, пренесува „Газета дело Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милинковиќ-Савиќ игра фантастична сезона и е еден од најзаслужмните за добрите резултати на Лацио, па на 17 натпревари, постигна три гола и забележа пет асистенции.
Договорот на играчот со Лацио истекува во 2024 година, па италијанскиот клуб сигурно нема лесно да е откаже од својата ѕвезда.
Лацио очекува да добие најмалку 100 милиони евра од продажбата на СМС, па останува да видиме дали Челзи е спремен да ја плати таа сума.