Офанзивниот играч на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард може да го напушти Олд Трафорд и кариерата да ја продолжи во Италија, пренесуваат медиумите на Островот.
Неговиот агент Мино Раиола веќе работи на трансферот и имал разговори со италијанските гиганти Милан, Интер и Рома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Солскјер не е задоволен од партиите кои ги пружа Лингард оваа сезона, па Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината.
Споменатите италијански клубови се заинтересирани за Лингард, но трансферот ќе зависи од цената која ќе ја постават „црвените ѓаволи“.