
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 2-0 на гостувањето кај Словенија во второто коло од Лигата на нации.
Домаќинот подобро го отвори натпреварот и уште во втората минута Жан Випотник ја погоди гредата. Македонија одигра уште еден слаб натпревар и нема постигнато гол повеќе од 9 часа.
Во првото полувреме Словенија беше подобра, но не успеа да постигне гол, а со исто темпо продолжи и во второто полувреме.Во 55-та минута Ловриќ погоди за 1:0.
Словенија го реши прашањето околу победникот во 82. минута. Матко погоди за 2-0 и стави точка на натпреварот. Најблиску до израмнување беше Малески, кој само две минути по голот на Словенија се обиде да го совлада Јан Облак, но словенечкиот голман одлично интервенираше.