Дома Трансфер зона Караско прави трансфер во Серија А

Караско прави трансфер во Серија А

Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.

Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати во Европа, овој пат во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за Белгиецот и наскоро ќе има состанок со неговиот агент.

„Росонерите“ се во потрага по крилен фудбалер и во Караско гледаат идеално засилување, а самиот фудбалер инсистира да се врати во Европа.

„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…