Дома Фудбал Салах беше избрна за најдобар во Англија и постави нов рекорд во 21. век!

Салах беше избрна за најдобар во Англија и постави нов рекорд во 21. век!

Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул, е прогласен за играч на годината од фудбалските новинари во Англија.

Салах со Ливерпул доминантно ја освои титулата со 28 голови во Премиер лигата, што беше повеќе од доволно, не само за да ја освои оваа награда пред соиграчот Вирџил ван Дајк и Александар Исак, фудбалер на Њукасл, туку и да стигне до неа на историски начин.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, тој не само што се израмни со Тјери Анри, бидејќи по трет пат во кариерата ја освои оваа награда (претходно ја доби во 2018 и 2022 година), туку и ја доби со неверојатни 90 проценти од гласовите.

Тоа е најголемиот процент во 21 век.

„Ретко сме имале попопуларен победник од Мо. Неговата убедлива победа е доказ за неверојатната сезона. Продолжува да поставува рекорди и неговите настапи беа клучни за фантастичната сезона на Ливерпул“, изјави Џон Крос, претседател на Здружението на фудбалски новинари.

Алеша Русо од Арсенал е прогласена за најдобра фудбалерка на Англија.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…