Дома Топ вести RMC го објави името на новиот клуб на Лионел Меси!

RMC го објави името на новиот клуб на Лионел Меси!

Сагата околу Лионел Меси која траеше летоска заврши откако Аргентинецот беше принуден да остане во Барселона, но веќе следното лето може да замине како слободен играч.

Меси беше одлучен да ги напушти редовите на каталонскиот клуб поради лошите односи со раководството, но на крајот остана. Сепак, се уште постои можност на крајот од сезоната да ја напушти екипата со која постигна врвни резултати последните две децении.

Најчесто се шпекулираше дека Меси ќе се пресели кај Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но француското радио RMC сега пренесува информација дека Аргентинецот сега е поблиску до Франција.

„Лионел Меси наредната година ќе биде во ПСЖ. Сериозен сум. Меси ќе се пресели во ПСЖ.“ – рече спортскиот новинар Даниел Риоло.

ПСЖ е еден од ретките тимови кој може да ги исполни желбите на Меси, но се смета дека и Нејмар е една од главните причини доколку Меси на крајот се одлучи да се пресели во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола добива 225 милиони за засилувања

Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе добие голем буџет за трансфери, а целта е да го зас…