
Францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку, кој изненадувачки влезе во трансферната листа на Милан, повторно го привлекол вниманието на Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Римскиот клуб активно ја следи ситуацијата со напаѓачот и може да понуди размена која што ќе го вклучи талентираниот аргентински плејмејкер Матијас Соуле, тврди Calciomercato. Околу две недели пред официјалното затворање на летниот трансферен прозорец, главниот тренер Рубен Аморим му го предал на раководството ажурираниот список на непожелни фудбалери, а 28-годишниот Французин е дел од него.
Рома има долгогодишен интерес за поранешниот напаѓач на Челси, а сега спортскиот директор Тони Д’Амико ги обновил обидите да го донесе Нкунку во тимот.