Дома Фудбал Готово: ПСЖ договори уште едно засилување од 55 милиони евра, но слави и Ливерпул!

Готово: ПСЖ договори уште едно засилување од 55 милиони евра, но слави и Ливерпул!

Мика Готс наскоро ќе стане нов член на Пари Сен Жермен!

Трансферот го потврди познатиот новинар Фабрицио Романо, кој го искористи својот препознатлив знак “here we go”, додека ПСЖ ќе плати 55.000.000 евра за услугите на Гоц.

Претходно, Ајакс ги отфрли нивните понуди од 45.000.000 и 50.000.000 евра, бидејќи Жорди Кројф бараше цели 60.000.000 евра.

Сепак, клубовите најдоа компромис и ПСЖ ќе издвои 55.000.000 евра за Готс, кој ќе му биде конкуренција на Квича Кварацхелија.

Овој трансфер дефинитивно значи и дека Бредли Баркола ќе добие дозвола да се пресели во Ливерпул.

ПСЖ сега го пополни нападот, бидејќи пред Готс пристигнаа Магнус Акилијус и Феран Торес, а клубот ги напуштија Гонсало Рамош и Канг Ин Ли.

Баркола веќе ги договори личните услови со Ливерпул, но ПСЖ засега го задржува бидејќи очекува понуда од најмалку 125.000.000 евра.

Очекувањата се дека „Црвените“ ќе го забрзаат интересот за Баркола, особено сега откако трансферот на Готс даде сигнал дека Французинот повеќе нема место во тимот.

Баркола се предвидува да биде главно засилување во нападот, заедно со Виктор Муњоз, кој на почетокот на летото пристигна од Осасуна за 40.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…