Дома Фудбал Уште една легенда ќе му помага на Зидан на клупата на Франција

Уште една легенда ќе му помага на Зидан на клупата на Франција

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Зинедин Зидан, повторно ќе соработува со Фабијан Бартез, откако тој денеска беше назначен за нов тренер на голманите во националниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан и Бартез беа дел од тимот што ја освои Светската титула во 1998 година, како и Европското првенство во 2000 година.

Бартез има 87 натпревари за Франција, со последниот излез на теренот во финалето на Светското првенство 2006 година, каде што Зидан доби црвен картон во продолженијата поради инцидентот со италијанскиот дефанзивец Марко Матераци.

Овој 55-годишен поранешен голман, во текот на својата кариера, ја бранеше мрежата на Тулуз, Марсеј, Манчестер Јунајтед и Монако.

Зидан исто така го одбра Давид Бетони за свој асистент. Бетони беше соработник на Зидан и во Реал Мадрид, со кого актуелниот селектор на Франција освои три последователни титули во Лигата на шампионите од 2016 до 2018 година.

Франција ќе гостува на Турција во Лигата на нациите на 25-ти септември, а три дена подоцна ќе игра против Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно може да има напаѓач кој се вика Луис Суарез!

Трансферот на Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона е тема на разговори од завршу…