Дома Фудбал Арсенал ја одби понудата на Милан за својот млад талент

Арсенал ја одби понудата на Милан за својот млад талент

Англискиот шампион Арсенал ја одби понудата на Милан за напаѓачот Итон Нуанери, соопштува Матео Морето. Понудата била за изнајмување со опција за купување од 40 милиони евра, но ниту структурата, ниту сумата ги задоволила лондончани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè уште не е јасно дали “росонерите” ќе преземат нова офанзива за 19-годишниот играч, кој има понуди исто така од РБ Лајпциг и клубови од Премиер лигата и Турција.

Младиот репрезентативец на Англија има одиграно вкупно 51 натпревар со 10 гола и 2 асистенции за првиот тим на својот клуб. Пролетта беше позајмен на Олимпик Марсеј, каде одигра 11 натпревари со 2 погодоци и една асистенција.

На денешната прес-конференција, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја дискутираше иднината на Нуанери. “Сакам тој да остане во клубот. Меѓутоа, треба да размислиме на среднорочен и долгорочен план, како и што е најдобро за играчот. Итон треба да игра фудбал. Ако остане тука, тоа ќе биде затоа што можеме да му гарантираме дека ќе добие можност за тие минути на играње”, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се насочи кон “новиот” Луис Суарес

Барселона размислува за можноста да го проба нападателот Луис Суарес, ако не успее да го д…