Дома Фудбал Oфицијално: Звезда со „тика-така“ се пофали со Риера!

Oфицијално: Звезда со „тика-така“ се пофали со Риера!

Црвена Звезда од Белград најде наследник по заминувањето на Дејан Станковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот стручњак Алберт Риера, кој има 44 години, е новиот тренер на фудбалерите на Црвена Звезда, објави денес клубот од главниот град на Србија.

Риера потпиша договор со “црвено-белите” на две години.

Четириесет и четири годишниот Шпанец веќе претходно беше споменуван како кандидат за клупата на Звезда. Неговото име се поврзуваше со клубот и минатата есен, кога екипата бараше наследник на Владо Качиќ. Тогаш, Риера беше под договор со словенечкиот тим Целје, додека Звезда го ангажираше Станковиќ.

Риера ја започна својата тренерска кариера како асистент во стручниот штаб на Галатасарај, а потоа работеше и со Доменек Торент. Првото самостојно ангажирање го доби во Олимпија од Љубљана, каде што во сезоната 2022/23 освои првенство и куп на Словенија.

По заминувањето од Олимпија, го презеде Целје, но брзо ја прифати понудата од францускиот Бордо. Како тренер на францускиот клуб помина дел од сезоната 2023/24, по што се врати во Целје.

Со словенечкиот клуб, Риера оствари забележителни резултати на домашната и европската сцена. Под негово водство, Целје достигна до четвртфиналето на Конференциската лига во сезоната 2024/25, а го освои и националниот куп. Во следната сезона, словенечкиот тим повторно го избори местото вон конечната фаза на Конференциската лига.

Во февруари 2026 година, Риера го презеде Ајнтрахт Франкфурт. На клупата на германскиот бундеслигаш остана нешто повеќе од три месеци, при што водеше тимот на 14 натпревари, остварувајќи четири победи, четири нерешени и шест порази.

Риера зад себе има и извонредна играчка кариера. Играше за Мајорка, Бордо, Манчестер Сити, Еспањол, Ливерпул, Олимпијакос, Галатасарај, Вотфорд и Удинезе, а ги бранеше и боите на шпанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Илиев по шест месеци си замина од Рапид – причина биле долгови!

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев повеќе не е член на Рапид Букурешт, откако…