Дома Фудбал Барселона со трета понуда за Родри

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни за 50 и 60 милиони евра, каталонците се вратија со трета понуда. Според Фабрицио Романо, сумата за која моментално се дискутира е помеѓу претходната понуда од 60 милиони и цената поставена од Манчестер Сити од 80 милиони евра. Со други зборови, предлогот е околу 70 милиони, без да е јасно дали во оваа сума се вклучени бонуси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според експертот за трансфери, во Барселона остануваат уверени и оптимистично расположени дека наскоро ќе дојдат до договор. Самиот Родри доцна синоќа се врати во Обединетото Кралство со лет од Мадрид, бидејќи неговиот одмор заврши и треба да ги обнови тренинзите со „граѓаните“. Сепак, ова можеби и нема да се случи ако двата клуба наскоро постигнат договор за неговиот трансфер на „Камп Ноу“.

Барселона, пак, во меѓувреме ја договорила продажбата на Феран Торес во Пари Сен Жермен за 50 милиони евра, па оваа сума ќе се искористи веднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се насочи кон “новиот” Луис Суарес

Барселона размислува за можноста да го проба нападателот Луис Суарес, ако не успее да го д…