Дома Фудбал Работнички претстави десет фудбалери во еден ден!

Работнички претстави десет фудбалери во еден ден!

Утре стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а Работнички е меѓу тимовите кои ќе атакуваат на највисок пласман и враќање во елитното друштво.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Дебар Маало има јасна амбиција – експресно да се врати во Првата лига, па раководството во текот на летниот преоден рок работеше на формирање на конкурентен состав.

Работнички досега ангажираше десет нови фудбалери, со кои ќе се обиде да ги исполни поставените цели. Нови членови на тимот се Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ и Мартин Мисердовски.

Сепак, трансфер-активностите на Работнички не мора да завршат тука. Од клубот оставаат отворена можност за дополнително засилување до затворањето на преодниот рок.

Со новиот состав и високите амбиции, Работнички ќе се обиде уште од стартот на сезоната да покаже дека има квалитет за враќање во македонската фудбалска елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Звезда со „тика-така“ се пофали со Риера!

Црвена Звезда од Белград најде наследник по заминувањето на Дејан Станковиќ. Како ПАМЕТНО …