Дома Трансфер зона ПСЖ демантира дека преговара со Салах

ПСЖ демантира дека преговара со Салах

Насер Ал Калифи, претседателот на Пари Сен Жермен, ги демантираше шпекулациите кои го поврзуваат Мохамед Салах со преселба на „Паркот на принцовите“.

Насер Ал Келаифи го прокоментира поврзувањето со Салах, нагласувајќи дека клубот не работи на таков трансфер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Не е вистина. Тој е фантастичен играч, ама да бидам искрен никогаш не сме размислувале за негов потпис. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но последните шпекулации не се вистинити“, изјави Ал Келаифи.

Претходно во медиумите се појави информација дека ПСЖ е подготвен да му плаќа на Салах околу 40 милиони евра годишно. 

Салах игра фантастично во дресот на Ливерпул, но неговиот договор со „црвените“ истекува на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…