
Реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид ќе се одигра во среда и тогаш ќе дознаеме кој од овие два клуба ќе патува во полуфиналето на ова натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Топџиите по првиот натпревар одигран на Емирати имаат голема предност бидејќи остварија победа од 3:0.
Од друга страна, она што ги загрижува навивачите, но и сите во Арсенал, е фактот дека токму Реал Мадрид е тимот кој може да се врати и од невозможни ситуации и тоа го покажале повеќе пати низ историјата.
Како што стојат работите, во Реал Мадрид се подготвени за одмазда на Арсенал за поразот на Емирати, но и за евентуалната елиминација од ова издание на Лигата на Шампионите.
Првиот човек на овој клуб, Флорентино Перес, е воодушевен од настапот на Вилијам Салиба против Реал Мадрид и сака да го доведе во својата екипа ова лето.
Фото: Принтскрин