Дома Фудбал Нови детали за Бове: Познати и неговите први зборови во болницата

Нови детали за Бове: Познати и неговите први зборови во болницата

Фудбалерот на Фјорентина Едоардо Бове е буден и зборува со лекарите, по ноќта помината во болница откако изненадно се сруши на тревата за време на натпреварот против Интер.

Како што денес пренесе Република, 22-годишниот фудбалер е буден и повеќе не е интубиран.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Благодарам на сите“, биле првите зборови на фудбалерот откако се разбудил, соопшти Република, објави Бета.

Натпреварот меѓу Фјорентина и Интер во неделата во Фиренца беше прекинат во 17-та минута и не продолжи. Бове застана да врзе патики, потоа се исправи, направи чекор и се урна на тревата. По укажаната помош на теренот, Бове веднаш беше пренесен во болница во близина на стадионот „Артемио Франки“.

Неговиот клуб и управата на болницата синоќа соопштија дека првите кардиолошки прегледи исклучиле можност за акутно оштетување на централниот нервен систем и кардио-респираторниот систем и дека новата проценка ќе биде позната во рок од 24 часа.

Раководството на Серија А потврди дека натпреварот ќе продолжи од 17-та минута, но не го одреди терминот за одигрување.

Пред прекинот резултатот беше 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…