Дома Фудбал Мa какви политичари: Светското првенство создаде национален херој, државата му се оддолжи на единствен начин (Видео)

Мa какви политичари: Светското првенство создаде национален херој, државата му се оддолжи на единствен начин (Видео)

Репрезентацијата на Зеленортските Острови испиша една од најубавите приказни на досегашното Светско првенство, а во центарот на вниманието се најде искусниот голман Возиња.

По одличната партија во ремито против Шпанија (0:0), жителите на оваа африканска островска држава решиле на посебен начин да му оддадат почит на својот чувар на мрежата.

На социјалните мрежи се појавија спектакуларни снимки од огромен мурал посветен на Возиња, кој е насликан покрај брегот во еден од градовите на Зеленортските Острови.

Муралот го прикажува голманот во карактеристична интервенција, додека околу него се наоѓаат елементи од националното знаме, што дополнително ја нагласува симболиката на неговиот придонес за репрезентацијата.

🚨🇨🇻 На Зеленортските Острови, беше направена специјална чест за нивниот играч Возиња поради неговата извонредна игра во ремито против Шпанија.

Голманот сега стана локален идол на африканските острови. 🌍♥️ pic.twitter.com/89sEgRfLMR— The Touchmine | 𝐓 (@TouchmineX) 19 јуни, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајна клаузула во договорот на Фабрегас: Само три клуба можат лесно да го преземат од Комо

Цеск Фабрегас наводно може да го напушти Комо за симболичен надоместок доколку добие понуд…