Дома Останати Кошарка Јокиќ по ужасниот пораз: Не смееме да го заборавиме ова

Јокиќ по ужасниот пораз: Не смееме да го заборавиме ова

Српскиот центар Никола Јокиќ разговараше со новинарите на конференција за медиумите по поразот од Оклахома.

Јокиќ не беше на своето препознатливо ниво, но не беше ни никој друг во Денвер… Имаше 17 поени, 8 скока и 6 асистенции во тој момент, со 6 изгубени топки.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не игравме. Само еден тим се појави. Промашувавме, губевме топката, а тие поминуваа покрај нас како што сакаа. Беа многу подобри од нас и затоа резултатот беше вака лош“, рече Јокиќ.

На констатацијата на новинарот дека Денвер ова мора да го заборави, рече:

„Не. Не смееме да го заборавиме ова. Мораме да научиме од ова и да бидеме многу подобри во следните натпревари. Правевме грешки, не работевме она што го правевме во првиот натпревар“, заклучи Никола Јокиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер нагло „скокна“ на листата – ова се фаворитите на обложувалниците за новиот НБА шампион

Почетокот на „преодниот период“ во НБА лигата значително го промени статусот што се однесу…