Дома Останати Кошарка Изненадување: Вестбрук оди во пензија!

Изненадување: Вестбрук оди во пензија!

Познатиот американски кошаркар Расел Вестбрук реши да ја заврши својата кариера и оваа одлука ја објави преку социјалните мрежи.

Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА лигата од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA.

Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер, останувајќи со нив и откако Кевин Дурент замина во тогашниот најсилен тим во лигата – Голден Стејт Вориорс.

Беше MVP во 2017 година, девет пати играше на Ол-Стар, два пати беше MVP на Ол-Стар натпреварот, два пати беше во идеалната петорка на НБА лигата, пет пати во втората и два пати во третата.

После Тандер, Вестбрук играше за Хјустон Рокетс, Вашингтон Визардс, Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс, Денвер Нагетс и на крајот Сакраменто Кингс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…