Во минатата сезона Мохамед Салах беше најдобриот играч на Ливерпул и ги предводеше „црвените“ до финалето во Лигата на шампионите, но оваа сезона улогите се променија и Садио Мане во последно време е човекот кој најмногу придонесува за тимот на Клоп. Сенегалскиот фудбалер на 11 последни натпревари постигна исто толку погодоци, додека Салах е без погодок на последните седум натпревари …