Изгледа дека е само прашање на време кога Маурицио Сари и дефинитивно ќе го напушти Челзи и ќе го превземе Јувентус, двата клуба според информациите се договориле за сума помеѓу пет и осум милиони евра.
Иако Италијанецот имаше повеќе од солидна дебитантска сезона и на овој тим му го донесе трофејот во Лигата на Европа во Запден Лондон би можел брзо да биде заборавен затоа што клубот за негов наследник би требало да го претстави Френк Лампард.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште во текот на вчерашниот ден можеше да се прочита дека Челзи и Дерби на чекор од дговор и дека клубот од Чемпионшип бара околу пет милиони евра за да го пуштат Лампард да се врати на „Стенфорд Бриџ“ како тренер.
Денес се појавуваат нови информации. Наводно, Лампард има намера со себе во Челзи да ги собере легендите на овој клуб.
Внимавајте – Петар Чех директор, Дидиер Дрогба тренер на напаѓачите, Шеј Гивен тренер на голманите, Џоџи Морис како прв помошник!
Ќе потсетиме, Петар Чех неодамна стави точка на кариерата, а со месеци наназад се шпекулираше дека Челзи ќе го врати улогата на директор. Преговорите се отворени, но ништо не е завршено. Се шпекулира и дека Чех лобирал за ангажман на Лампард кај Абрамович и неговата најблиска соработничка Марина Грановскаја.
Џоди Морис е десна рака на Лампард и тие двајца соработуваат во Дерби, додека Шеј Гивен исто така е во улога на тренер на голманите на „Прајд Парк“. Дрогба е заинтересиран да стане дел од стручниот штаб на Лампард, па напаѓачите на Челзи за тренер можат да добијат врвен голгетер.
Дрогба и Лампард биле забележани на ручек во еден ресторан каде што разговарале за деталите на иднината соработка.
После овие информации се појавува и една дилема – што ќе биде со Џанфрако Ѕола? Негово заминување засега не се споменува, а наводно поранешниот напаѓач нема да прифати ниту еден вид намалување на функцијата. Тоа значи дека или Морис ќе се адаптира или Ѕола ќе замине. Трета опција засега нема на повидок.