Белгијскиот селектор Роберто Мартинез смета дека Ромелу Лукаку треба да го напушти Манчестер Јунајтед.
Лукаку се поврзува со Интер, а Јунајтед бара 80 милиони за својот напаѓач, сума која малку ги “олади“ преговорите со италијанскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Што се однесува до Мартинез, тој тврди дека за поранешниот голгетер на Евертон најдобро би било да го напушти Олд Трафорд.
„Јасно е дека Ромелу Лукаку треба да го напушти Олд Трафорд. Тоа би било добро и за него и за клубот.“ – изјави Мартинез.
Лукаку постигна 15 погодоци во 45 настапи за Јунајтед оваа сезона, но изгледаше потполно различен играч во репрезентацијата на Белгија.
Јунајтед го донесе во 2017. година за 84 милиони од Евертон, а претходно кратко настапуваше и за Челси.