Дома Фудбал Англија Без оглед на неговата желба да замине, Јунајтед нема намера да го продаде Погба

Без оглед на неговата желба да замине, Јунајтед нема намера да го продаде Погба

Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба изрази желба да замине од клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Три години сум во Манчестер – имав некои добри и лоши моменти, токму како сите. Мислам дека ова е добро време за нов предизвик.“ – порача Погба.

Веќе почна да се шпекулира каде Погба ќе ја продолжи кариерата, а најмногу се споменува Реал Мадрид и Јувентус.

Сепак, како што пренесуваат островските медиуми, без оглед на неговата желба, Јунајтед нема намера да го продаде својот најдобар играч ова лето.

Тренерот Оле Гунар Солскјер сака да го има во тимот и следната сезона и нема да го продаде по никоја цена.

Нормално, оваа вест е се уште во рамки на шпекулација и не треба да се сфати премногу сериозно, но реално е да не се очекува Црвените Ѓаволи така лесно да го продадат.

Инаку, Погба дресот на Јунајтед го облече летото 2016. година кога премина од Јувентус за тогаш рекордни 89,3 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поштар во Англија заврши во затвор – вршел нелегални преноси од Премиер лигата!

Поштар од Пемброкшир е осуден на три години затвор затоа што снабдувал скоро 2000 клиенти …