После објавениот распоред за Премиер лигата идната сезона педантните статистичиари веднаш започнаа да извлекуваат историски податоци кои можат да се употребат во нов контекс.
Со оглед на минатогодишната луда завршница посебно е интересен оној за Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Црвените“ во 1-то коло од новата сезона на „Енфилд“ ќе играат против Норвич. Ливерпул во својата историја само еднаш ја отворил Премиер лигата против тој клуб на домашен терен. Тоа се случило во 1976 година. Тогаш Ливерпул победил со 1:0 и таа сезона станал шампион, а Манчестер Сити завршил како второпласиран.
1 – On the only previous occasion that Liverpool started a league season at home against Norwich City, the Reds won the top-flight league title ahead of Manchester City in 2nd (1976-77). Liverpool beat Norwich 1-0 at Anfield on MD1 that season. Fate? #PremierLeagueFixtures pic.twitter.com/7Skreef33b
— OptaJoe (@OptaJoe) June 13, 2019
После освоената титула во финалето против Тотенхем многу фудбалски експерти најавија дека тоа е почеток на успесите на Ливерпул и дека тимот на Клоп ќе освојува трофеи, оној кој најмногу се чека е премиерлигашкиот.
Во сезоната која неодамна заврши Сити помина прв низ целта за само еден бод повеќе. Овој податок од 1976 година сигурно дополнително ќе го зголеми оптимизмот кај навивачите на „црвените“.