Денеска во рамките на 33. коло во англиската Чемпионшип лига се одигра натпреварот помеѓу Лидс и Болтон. Домаќините славеа со 2-1, а стрелец на победничкиот погодок беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски кој со прекрасен лоб удар успеа да го совлада противничкиот голман. Погледнете го ова ремек дело на Алиоски:


