Тимот на Барнли денес на свој терен го пречека третопласираниот тим на премиерлигашката табела Тотенхем во рамките од 27-то коло во првенството.
Денешниот натпревар го обележи враќањето на Хари Кејн кој се опорави од тешлатап овреда и се најде во стартниот тим против Тотенхем.
Во првиот дел не видовме премногу добри шанси, па на полувреме се замина со резултат 0:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак вториот дел донесе многу подобар фудбал. Возбудувањата започнаа со одличниот удар на Кејн од далечина во 50-тата минута, но голманот на Барнли беше на висина на задачата.
Седум минути подоцна Барнли стигнува до предност. Мекнели нафрли о корнер, а голот за водство на домаќините го постигна Крис Вуд.
Возврати Тотенхем преку Хари Кејн во 65-тата минута. Одличниот Кејн го издржа дуелот со дефанзивците на Барнли и го матираше противничкиот голман за 1:1.
Сепак, иако се очекуваше притисок на Тотенхем после изедначувањето, Барнли беше тимот кој создаде подобри прилики.
Таквата игра им се исплатеше во 84-тата минута кога Барнес се најде на вистинското место и погоди за 2:1.
За тимот на Барнли ова е голема победа со која веројатно ставија крај на шампионските амбиции на Тотенхем кој останува третопласиран со 60 освоени бодови.
Chris Wood abre o placar para o Burnley diante do Tottenham@BurnleyOfficial 1 x 0 @SpursOfficial pic.twitter.com/BiLZmDzj4l
— 90GoalsBrasil (@90goalsBrasil) February 23, 2019
Burnley 1-1 tottenham #BURTOT #PremierLeague #goals pic.twitter.com/Qao8ZGe4Xf
— Onur (@Onur57662874) February 23, 2019