Дома Фудбал Сити може да биде исфрлен во понизок ранг: Што е со договорот на Халанд?

Сити може да биде исфрлен во понизок ранг: Што е со договорот на Халанд?

Пресудата е донесена. Овој петок, Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 прекршоци од тужбата на Премиер лигата.

Казната е неизбежна. Доколку се одземат бодови (и титули) ретроактивно, историските записи на клубот би биле погодени. Ако следува деградација во пониска лига, актуелниот тим ќе биде погоден, што ќе ја загрози и иднината на клубот.

Во вториот случај, особено интересен би бил случајот со Ерлинг Холанд, првата ѕвезда на клубот и можеби и на целата Премиер лига. Тој минатата година потпиша историски договор со „граѓаните“ со траење од девет и пол години, кој го врзува за „Етихад“ до 2034 година.

Важно е да се напомене дека договорот на норвешкиот напаѓач не содржи клаузула која би му овозможила автоматско напуштање на клубот во случај да се исфрли во Чемпионшип или некоја пониска лига. Кога беше прашан за постоењето на клаузула поврзана со евентуално исфрлање, Холанд изјави дека не е запознаен со такви одредби.

Сепак, тоа не значи дека Норвежанецот ќе остане врзан за Сити до истекот на договорот, особено ако клубот заврши во трета, четврта или петта лига. На Островот се зборува дека во неговиот договор има откупна клаузула, но оваа информација не е потврдена, ниту пак се знае за која сума станува збор.

На крај, најпопуларните фудбалери денес веќе долго време имаат моќ (и ја користат) да издејствуваат трансфери и покрај тоа што имаат потпишани долгорочни договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaшари: Имаше контакти со Македонија, но за мене беше опција само Швајцарија

Ардон Јашари кој во минатото беше дел и од младинските категории на македонската репрезент…