Дома Фудбал Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да ги преминува границите.

Фантастичниот Норвежанец го надмина Златан Ибрахимовиќ на вечната листа на стрелци за најдобар голгетер во Скандинавија.

Ѕвездата на Манчестер Сити постигна два гола против Данска во триумфот во Лигата на нациите. Во кариерата, тој има 64 гола на 56 натпревари, со неверојатен просек од 1,1 гол по натпревар.

Ибрахимовиќ во 122 натпревари за Шведска постигна 62 гола, што е нешто повеќе од 0,5 гола по натпревар.

Апсолутен рекорд има Швеѓанката Лота Шелин со 88 погодоци, но со играта на Халанд, изгледа дека и овој рекорд наскоро ќе биде соборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити може да биде исфрлен во понизок ранг: Што е со договорот на Халанд?

Пресудата е донесена. Овој петок, Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупн…