Tимот на Манчестер Сити денес обезбеди важен потпис.
Имено, францускиот дефанзивец Емерик Лапорт кој во клубот пристигна во 2018 година и брзо се прилагоди на англискиот фудбал стави потпис на нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот дефанзивец оваа сезона запиша 36 настапи, беше дел од сите натпревари во англиската Премиер лига.
Според новиот договор Лапорт ќе остане на „Етихад“ до 2025 година.
„Среќен сум во Манчестер Сити, клубот тренерот и сите останати тука одлично ме прифатија. Од кога сум тука многу напредував“, изјави Лапорт.
— Manchester City (@ManCity) February 22, 2019