Ливерпул направи специјален видеоклип со кој им се заблагодари на сите здравствени работници за време на пандемијата од коронавирусот. Во пораката учество зедоа тренерот Клоп, како и сите ѕвезди на тимот, членови на стручниот штаб и женскиот тим. Сите им дадоа благодарност на здрвствените работници и заеднички порачаа „Вие сте нашите херои“.