Дома Фудбал Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Младиот голман на ТСЦ, Илија Пантелин (18), ќе ја продолжи својата кариера во Милан, иако досега не дебитирал за првиот тим на клубот од Бачка Топола, според информациите од Моцарт спорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истиот извор наведува дека од трансферот на 18-годишниот чувар на мрежата, ТСЦ ќе оствари приход во износ од 1.000.000 евра, со вклучени бонуси.

Во изминатите шест месеци, Пантелин бил под постојано набљудување од страна на Милан, чии претставници присуствувале на неколку негови натпревари од младинските категории.

По неговото пристигнување во Италија, се очекува српскиот голман да се приклучи на младинските тимови на Милан каде што ќе го продолжи својот развој.

Пантелин минатата сезона бранеше на 22 натпревари во Младинската лига на Србија, додека повеќе пати беше на клупата на првиот тим на ТСЦ, но не доби шанса за деби. илан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим со Милан му се одмазди на Јунајтед, формата на Фернандеш може да ги загрижи навивачите!

Во Вроцлав денеска од 16:45 часот се одигра пријателски натпревар помеѓу Манчестер Јунајте…