Дома Фудбал Мурињо некогаш го обожаваше Де Геа, но сега и тој го критикува

Мурињо некогаш го обожаваше Де Геа, но сега и тој го критикува

Португалскиот тренер истакна ека Шпанецот „имал среќа“ со тоа што потпишал нов богат договор минаата година.

Де Геа не е баш во најдобра форма во последно време, а вчера во полуфиналето од ФА Купот против Челзи прими три гола во поразот од 3:1 на Јунајтед. Од овој натпревар многу се пишува дека Шпанецот ќе биде заменет од Дијн Хендерсон кој е на позајмиц во Шефилд. Таква изјава даде и легендарниот Алан Ширер (тука).

Мурињо работеше со Де Геа во Манчестер Јунајтед, а тој е последниот кој испрати критики на сметка на поранешниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид.

„Давид имаше среќа што минатата година потпиша нов договор со Манчестер, но повторно сметам дека и понатаму е добар голман“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…