Дома Фудбал Драма на натпреварот на Баерн: Мусиала се сруши на терен!

Драма на натпреварот на Баерн: Мусиала се сруши на терен!

Една од најголемите ѕвезди на Минхенскиот Баерн, Џамал Мусиала, ги потресе фановите за време на денешниот пријателски натпревар против РБ Лајпциг.

Баерн ја совлада тимот од Бундеслигата со 3:1, а Мусиала беше стрелец на еден гол. Меѓутоа, пред крајот на натпреварот падна на тревата, што предизвика загриженост кај сите присутни.

Лекарите веднаш влетаа на терен и му пружија помош. Тој беше приморан да го напушти натпреварот четири минути пред последниот свиреж.

По натпреварот, беше објаснето дека Мусиала не се чувствувал добро поради високите температури што преовладуваа во Минхен, при што натпреварот се одржа на 32 степени Целзиусови.

Мусиала беше стрелец на гол во 81. минута, додека претходно тие постигнаа погодоци преку Луис Диаз во 13. и Натаниел Браун во 57. минута. Единствениот стрелец за тимот на Лајпциг беше Брајан Груда во 52. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…