Дома Фудбал Варди пред сензационално враќање во Англија: Претседателот на клубот јавно го призна сето

Варди пред сензационално враќање во Англија: Претседателот на клубот јавно го призна сето

Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал, а една од најинтересните приказни ова лето доби нова димензија по изјавата на претседателот на клубот во емисија во живо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот напаѓач на крајот од јуни го напушти Кремонезе по истекот на договорот, а во својата прва сезона во Италија постигна седум гола во 29 натпревари.

Иако имаше солидна индивидуална сезона, Кремонезе не успеа да го задржи прволигашкиот статус и следната сезона ќе игра во Серија Б.

Варди одлучи да го напушти клубот, но 39-годишниот напаѓач не беше подготвен да ја заврши кариерата.

Последниве денови се поврзуваше со Вест Хем, кој по испаѓањето во Чемпионшип бара искуство во нападот.

Нуно Еспирито Санто верува дека Варди сѐ уште може да понуди квалитет, но планот е искусниот напаѓач во Лондон да има помошна улога, додека Трој Парот од АЗ Алкмар наводно е главна мете.

За Варди, сепак, враќањето во Англија е приоритет, а токму поради тоа една друга приказна привлече посебно внимание.

Имено, Шефилд Венсздеј јавно покажа интерес за доведување на напаѓачот кој ги направил своите први фудбалски чекори токму во нивниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал завршува со засилување кое никој во светот не го очекуваше!

Арсенал би можел да направи изненадувачки потег ова лето, бидејќи лондонскиот клуб има на …