Дома Фудбал Aртета со една изјава ги израдува навивачите на Арсенал!

Aртета со една изјава ги израдува навивачите на Арсенал!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека има намера да потпише нов договор со клубот, уверувајќи ги навивачите дека нема потреба од грижи за неговата иднина.

Шпанецот влезе во последната година од договорот со Арсенал, но се чини дека соработката ќе продолжи и понатаму.

Еден од раководните луѓе на клубот, Џош Кренке, уште во мај изјави дека продолжувањето на договорот со шпанскиот стратег е еден од приоритетите на Арсенал, а сега и самиот Артета јасно изрази желба да остане.

„Навивачите не треба да се грижат, бидејќи јас сакам да останам тука. Среќен сум и многу сум благодарен што имам можност да работам со овие луѓе,“ изјави Артета.

Шпанецот не гледа никаква пречка во тоа што новиот договор сѐ уште не е потпишан.

„Кога ќе имаме можност, ќе го решиме тоа. Тоа е сѐ.“

Артета нагласува дека помеѓу него и раководството на Арсенал има целосно разбирање.

„Сите се чувствуваат пријатно и времето на новиот договор нема да биде пречка. Мојата желба е да останам тука и многу сум среќен. Има чувство дека клубот сака исто така. Се пристапува многу природно,“ изјави човекот кој ги одведе Топџиите до шампионската титула.

Артета е на чело на тимот од Лондон од 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата жестоко за Манчестер Сити: „Ова е најзначајниот дисциплински случај во историјата“

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, даде остар коментар по одлуката на н…