Давид де Геа беше најдобриот поединец во Манчестер Јунајтед во изминатите две сезони, а сега е цел на критики по серијата грешки кои ги направи оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот чувар на мрежата тотално потфрли во полуфиналето од Купот против Челзи, беше директен виновник за два гола, па критиките се засилија.
Единствено логично решение е да се врати одличниот Хендерсон од Шефилд, но јасно е дека Де Геа не може да биде оставен на клупата бидејќи има плата од 20 милиони евра.
Порано беше прогласен за најдобар голман на светот, сега е далеку од таа форма. Јунајтед би сакал да го продаде, но во моментов нема заинтересирани клубови.
„Не можам да зборувам за самодовербата на Давид Де Геа, но тој ментално е многу силен. Тој знае дека од 100 такви удари, треба да запиши 100 одбрани, но тоа е фудбалот. Јас ја донесов одлуката тој да брани на овој дуел. Но, не треба да се критикува само Давид, затоа што целата одбрана потфрли“, изјави Солскјер.