Дома Фудбал Не помогна ниту сонародникот: Леао ќе игра во друг клуб!

Не помогна ниту сонародникот: Леао ќе игра во друг клуб!

Рафаел Леао најверојатно во претстојниот период ќе го напушти Милан, а прашањето што останува е кој клуб ќе биде неговата нова дестинација, според италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од младиот напаѓач се очекуваше многу кога пристигна во Милано, а тоа очекување не беше неосновано. Сепак, истиот никогаш не го искористи својот целосен потенцијал во тимот.

Главна критика на Сан Сиро беше неговата непостојаност – можеше да одигра блескаво неколку натпревари, но тогаш ќе следуваа долги периоди без постигнат гол.

Со време се создаде тензична атмосфера помеѓу играчот и клубот, која ова лето дополнително се влоши со доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим. Леао уште порано имаше желба за заминување поради незадоволството, а сега револтот само се зголеми.

Иако некои очекуваа дека неговиот земјак на тренерската позиција ќе му ги олесни проблемите, тоа не се случи. Напротив, веднаш се разбудија искри меѓу двајцата Португалци.

Аморим беше јасен пред управата дека за следната сезона не го смета Леао во своите планови, па затоа клубот започна потрага по нова средина за него.

Милан е подготвен да го продаде офанзивецот по цена од најмалку 40-45 милиони евра. За сега, најсериозен кандидат е Галатасарај, но Леао првично не е особено заинтересиран за преселба во Турција.

Во наредните денови ќе видиме дали ќе се појави некоја нова понуда или пак Леао ќе прифати да замине во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симоновски го урна Тиквеш во Кавадарци, Шкендија Арачиново слави историска прва победа во ПМФЛ! (Видео)

Екипата на Шкендија Арачиново приреди изненадување во третото коло од првата лига откако н…