Менаџерот на Манчестер Сити,Пеп Гвардиола даде многу интересна изјава на адреса на Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред неколку дена „топџиите“ предводени од Микел Артета го елиминираа Манчестер Сити во полуфиналето од ФА Купот со резултат 2:0.
Меѓутоа, Гвардиола категорично го разграничи однесувањето на лондонскиот тим на теренот и тоа што го прави клупското раководството надвор од теренот.
„Противниците секогаш заслужуваат почит, и Арсенал ја има мојата почит, но само за тоа што го прави на теренот, а не за тоа надвор од теренот“, изјави Гвардиола и додаде:
„Им честитам и им посакувам среќа во финалето против Челзи“.