Дома Фудбал Англија Aлиоски за пласманот во Премиер лигата: Среќата и радоста не можете да ги купите со пари, ова не се опишува!

Aлиоски за пласманот во Премиер лигата: Среќата и радоста не можете да ги купите со пари, ова не се опишува!

Репрезентативецот на Македонија Езгјан Алиоски со Лидс обезбеди пласман во Премиер лигата каде што овој клуб се враќа после 16 години.

Лидс кој е поранешен англиски шампион и сега повторно ќе биде дел од елитата, а Алиоски за англиските медиуми не можеше да ја опише среќата. Македонскиот фудбалер во Лидс е веќе три години, но клубот многу напредуваше кога на клупата седна Марсело Биелса кој го препороди тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Неверојатно е чувството да се пласирате во Премиер лигата. Оваа радост и среќа не се купуваат со пари, ова се моменти за уживање, немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. Со пари радост и среќа не се купува, мораш да ги создадеш“.

Џани има и пофални зборови за Биелса.

„Тој е посебен човек и сите ние можеме да му кажеме само едно големо благодарам. Тој дојде и ни го смени духот и менталитетот. Ни го покажа вистинскиот пат по кој треба да одиме и на крајот успеавме. Од почетокот верувавме дека можеме, ако не верувате не можете да успеете“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…