Дома Фудбал Детали за трагедијата во Португалија: Велосипедистот го удрил автомобил кој залутал!

Детали за трагедијата во Португалија: Велосипедистот го удрил автомобил кој залутал!

Британскиот велосипедист Финли Тарлинг го загуби својот живот на само 19 години во тешка несреќа за време на осмата етапа на трката Волта-Португал. Според извештаите од португалските медиуми, младата надеж на велосипедизмот загина кога беше удрен од автомобил.

Автомобилот кој го усмрти велосипедистот бил на погрешен пат, во моментот кога караванот минувал низ Понте де Лима на северот од земјата, што предизвика ужасна сообраќајка.

Возилото, верувајќи дека караванот поминал, направило полукружно вртење на патот N306 кој ги поврзува Пардес де Кура со Понте де Лима. Младиот велосипедист се здобил со сериозни повреди од ударот. Ваквите информации ги пренесе Correio da Manha.

Итните служби пристигнале брзо, но за жал, не успеале да го спасат Финли кој денес почина од последиците на тешките повреди.

Трката веднаш беше прекината и нема да се одржат церемонии за доделување награди. Финли беше помлад брат на Џош Тарлинг, кој вози за тимот Netcompany Ineos.

Младиот велосипедист од Велс се натпреваруваше за развојниот тим на NSN и беше сметан за светла иднина на британскиот велосипедизам. Настанот се случи на делницата долга 166,8 километри од Мелгака до Фафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …