Фудбалската репрезентација на Македонија вчера славеше победа од 1:0 над Летонија и тоа беше четврти натпревар во низа на кој македонскиот голман Столе Димитриевски не прими погодок.
Летонците упатија седум удари кон голот на Димитриевски, но по сите дуели како победник излегуваше Димитриевски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По натпреварот Димитриевски испрати и порака до Валенсија која беше погодена од огромни поплави кои однесоа над 200 животи.
„За сите жртви во Валенсија… Напред Валенсија“, стоеше на маицата на Димитриевски.