
Долгоочекуваниот дуел меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа најверојатно ќе се одржи на 20 ноември во „Мединсон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Вембли долго време се споменуваше како прва опција, се чини дека двајцата боксери се согласиле дека домаќин на големиот спектакл ќе биде една од најпознатите спортски арени во светот.
Главната причина за ваквата одлука е фактот што борбата ќе се емитува на Netflix во терминот на американскиот прајм тајм, околу 21 часот по локално време. Таквиот термин, меѓутоа, нема да одговара на љубителите на боксот во Велика Британија, кои повеќе од една деценија го чекаат овој дуел.
.