
Баерн и Хари Кејн планираат да ја продолжат соработката, но плановите би можела да ги поремети понуда што се подготвува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По фантастичната сезона во дресот на Баерн, германскиот шампион реши да го задржи Англичанецот и следната сезона. Сепак, Баварците стравуваат дека англискиот напаѓач би можел да си замине во наредните денови.
Богатиот саудиски клуб Ал Хилал се упати по Хари Кејн. Според информациите на TEAMtalk, саудискиот великан веќе стапил во контакт со претставниците на англискиот напаѓач и разговарал за можниот трансфер во Сауди Про лигата.
Кејн е, според истиот извор, моментално на врвот на листата желби на Ал Хилал кога станува збор за позицијата напаѓач. Саудискиот клуб сака да доведе вистинска ѕвезда, а капитенот на англиската репрезентација претставува нивен прв избор.