Дома Фудбал Нови детали од односот на Пеп кон фудбалерите, им се заканувал и се отказ!

Нови детали од односот на Пеп кон фудбалерите, им се заканувал и се отказ!

Новата документарна серија “Beautiful Obsession” открива досега непознати детали од кризата во соблекувалната на Манчестер Сити, вклучително и драматичната изјава на Пеп Гвардиола кон своите играчи, каде што алудира на можен отказ. Оваа серија, која е достапна на платформата Amazon Prime, нуди поглед кон последните две години на каталонскиот тренер во клубот и прикажува сцени од ноември 2025 година, снимен по поразот од Баер Леверкузен со 0:2 во Лигата на шампионите, како што пишува goal.com.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот, Гвардиола не го криеше својот бес пред играчите. Ѝм се дереше: “Дечки, ова е срамота, ми е преку глава од сè! Сите мора да имате менталитет што ќе го покаже дека сте најдобри, да му докажете на овој пропаднат тренер дека сте подобри од другите. Натпреварувате се меѓу себе, но каде беше тоа натпреварување денес?” Потоа додаде: “Тажен сум и разочаран од себе поради глупостите што се обидував да ги направам за да се чувствувате сигурно, заштитено и самоуверено. Се чувствувам како будала.”

Гвардиола отворено зборуваше и за личната жртва. “Доаѓам тука во осум наутро, дечки. Минувам часови обидувајќи се да допрам до вашите срца, а кога не успеам, се чувствувам длабоко фрустрирано. Не ми возвраќате. Знаете ли што ќе се случи? Ќе добиете друг тренер.”

Тонот му стануваше уште поостар, нешто на што играчите, како што е наведено, не биле навикнати. “Ако на крајот на сезоната видам некое тажно лице, ќе ве убијам. Ако ве видам како се буните против моите одлуки, ќе ве убијам. Ќе работите понапорно, ќе работите подобро, ќе живеете поквалитетно.”

Документарецот покажува дека проблемот не бил исклучиво тактички. Гвардиола недостигот на залагање и храброст од играчите директно го поврза со својата тешка семејна ситуација. “Можете да изгубите, и често ве бранам, но оваа недостаток на храброст, страст, љубов и желба за победа е неприфатлив”, рече тој и продолжи:

“Преживувам развод, моето семејство е далеку заради сите вас, а што добивам за возврат? Оваа срамна игра. Ова е срамота, дечки.” Својот настап го заврши со зборовите: “Ми е преку глава. Кога ќе видам вака да играте, се чувствувам исцрпено и празно. Сакам да дадам оставка, се чувствувам осамено. Кога вака се однесувате, се чувствувам сосема сам. Утре нема да ме видите.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го врати Јунајтед во ЛШ, а клубот му врати со очајни засилувања – новите премиерлигаши повеќе потрошија!

Манчестер Јунајтед успеа да се врати во Лигата на шампиони откако ја заврши претходната се…