Дома Фудбал Првиот човек на Премиер лигата тврди: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!

Првиот човек на Премиер лигата тврди: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!

Притисокот врз претседателот на ФИФА Џани Инфантино продолжува да расте. Извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс отворено го критикуваше првиот човек на светскиот фудбал поради контроверзните планови за продажба на учества поврзани со Светското првенство, посочувајќи дека ФИФА со своите постапки сама на себе си нанесе огромна штета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мастерс во интервју за BBC, пред почетокот на новата сезона на Премиер лигата, ја поддржа одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија да ја повлече поддршката за Инфантино.

Според него, на светскиот фудбал му е потребен нов кандидат кој би можел да ги обедини во моментов длабоко поделени структури.

Мастерс не бираше зборови кога говореше за потезите на ФИФА и плановите кои последниве седмици предизвикаа сериозни потреси во светскиот фудбал.

„Тоа е проблем кој го создаде ФИФА. Организацијата сама на себе си нанесе рани и го притисна копчето за самоуништување, а последицата ќе биде решение до кое мораме да дојдеме”, рече Мастерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Иако имаше договор до јуни 2027 година, одлучено е по спогодба да се раскине договорот пом…