Дома Фудбал Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Иако имаше договор до јуни 2027 година, одлучено е по спогодба да се раскине договорот помеѓу Пол Погба и Монако, и од денеска е слободен да избере нова средина.

„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и управата на клубот, соиграчите, сите членови на стручниот штаб и секој навивач кој веруваше во мене. Да го претставувам овој клуб и кнежевството беше неверојатно искуство.

Монако е неверојатен клуб и, иако не одиграв толку натпревари колку што се надевав, засекогаш ќе бидам благодарен на можноста да ги носам нивните бои“, истакна Пол Погба.

Минатата сезона Пол Погба одигра само 105 минути за Монако, првиот натпревар после две години го одигра во ноември месец, но серијата повреди влијаеше на тоа да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …