Дома Фудбал Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити ја зголеми динамиката на преговорите за привлекување на 18-годишниот талентиран играч за врска на Лил и репрезентативец на Мароко, Ајјуб Буадди. Според пишувањата на Тајмс, Сити работи на трансакција која би изнесувала 85 милиони фунти, или приближно 99 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буадди се смета за еден од најперспективните европски таленти на својата улога, а Манчестер Сити го гледа како клучна состојка за новата формација на тимот по значителните промени во средниот ред.

Овој трансфер особено привлече внимание бидејќи Родри се пресели во Барселона. Веќе овој летен преоден рок, Сити го донесе Елиот Андерсон за рекордна сума, а ако договорот со Буадди се заврши, тоа ќе значи дека клубот ќе потроши над 230 милиони евра само за двајца млади играчи за врска.

Иако многумина може да помислат дека Буадди би бил директна замена за Родри, Тајмс подвлекува дека тој не е предвиден за таа улога, туку преставува долгорочна инвестиција во иднината на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо за првпат открива зошто трансферот на Родри во Реал пропадна

ЖОЗЕ МУРИЊО за првпат подетално ја објасни неуспешната намера на Реал Мадрид да го доведе …