Дома Фудбал Димитриевски: Во моментов сум во најдобра форма откако дојдов во Валенсија

Димитриевски: Во моментов сум во најдобра форма откако дојдов во Валенсија

Македонскиот голман Столе Димитриевси импресионира со неговите настапи за Валенсија откако се повреди Хулен Агирезабала.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Димитриевски конечно доби шанса во првиот тим и покажа што знае, а притоа кажа дека игра во најдобра форма во моментов.

„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто на тренинг и среќен сум што со моите интервенции можам да му помогнам на тимот. Најважно е кога екипата ќе ги освои трите бодови. Во моментов сум во најдобра форма во Валенсија, но можам да дадам уште повеќе“, кажа Димитриевски.

Чуварот на мрежата кажа дека конкуренцијата во Ла Лига е огромна.

„Фокусирани сме и подготвени за следниот меч. Во претходните години со 37 или 38 поени можевте да обезбедите опстанок, но оваа година има поголема конкуренција и затоа мора да се освојат максимален број на бодови“, објасни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една голема ера: Мануел Ноер најави кога се повлекува од репрезентацијата!

Легендарниот германски голман и симбол на Баерн, Мануел Нојер, се подготвува за својата 16…