
Откако ова лето го доби дефанзивецот Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити без обештетување, а за десниот бек Џед Спенс (26) плати на Тотенхем 30 милиони евра, освојувачот на италијанската двојна круна се насочува кон уште еден Англичанец.
Според Газета дело Спорт, Интер планира да понуди 30 милиони евра за Кертис Џонс (25), фудбалер од средниот ред на Ливерпул, со очекување дека оваа сума ќе биде доволна бидејќи Џонс наредното лето му истекува договорот.
Џонс досега има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 и асистирал за 25 гола.