Дома Македонски спорт Мак фудбал „Чкембари“ и Пелистер донираа 360.000 денари за настраданите во Кочани

„Чкембари“ и Пелистер донираа 360.000 денари за настраданите во Кочани

Фудбалскиот клуб Пелистер и неговата верна навивачка група „Чкембари“ уште еднаш покажаа дека спортот е повеќе од игра, исполнувајќи го своето ветување за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани.

Како што информираа од клубот, приходот од продадените билети за натпреварот од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига е целосно дониран за семејствата на загинатите и повредените во пожарот што го потресе градот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани“, соопшти Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…